Женската фудбалска школа “Голасо“ од Струга предводена од Митра Стојаноска организираше спектакуларен турнир во мал фудбал во женска и машка конкуренција во Струга.

Турнир беше одржан како дел од проектот за зголемуванје на интерсот на младите кон спортот особено фудбалот, потпомогнат од Балканска фондација-Скопје и кралството Кинг Густав петти од Шведска.

Ова беше еден голем фудбалски спектакл во Струга кој успеа да ја
наполни цела спортска сала и да ужива во фудбалските вештини на младите

велат од фудбалската школа “Голасо“

На турнирот учествуваа шест основни училишта од регионот кои имаа и свои женски тимови, а за најдобрите беа доделени пехари, дипломи и признанија.

Ohridnews