Голден стејт ја продолжија својата рекордна серија
23.05.22 10:29
Кошаркарите на Голден стејт се наоѓаат на чекор до големото финале во НБА-лигата. Вориорс синоќа во третиот натпревар од финалето на Западната конференција победија на гостувањето кај Далас со резултат 109:100.
Ова беше трета победа за Голден стејт во серијата прв до четири.
Воедно, Вориорс ја продолжија својата рекордна серија на извојување барем една гостинска победа во 26 последователни плејоф серии. Ова е најдобриот резултат во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот.
И четвртиот натпревар од серијата ќе се игра во Далас.
Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид направи голем чекор кон осминафиналето, совладувајќи го литвански Драгунас Клаипеда со 30:19 (13:7) во првиот натпревар од третото коло Иако нат...
Охрид Лихнидос ја совлада струмичка Беласица со 2:1 во натпреварот од 12 коло во Втората македонска фудбалска лига и ја задржа лидерската позиција на табелата Охриѓани поведоа со автоголот н...
Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ во Дебрца доби уште едно специјално возило, благодарение на Зоран Сидлер, иселеник во Швајцарија со потекло од Ново Село, соопшти градоначалникот Зла...