Голден Стејт го победи Бостон со 104:94 во петтиот натпревар од финалето на НБА. По ова победа Голден Стејт води со 3:2 и е на само еден чекор од трофејот во најсилната кошаркарска лига на светот.

Ниту 27 поени и 10 скока на Џејсон Тејтум не беа доволни Селтикс да го избегнат поразот.

Во победничкиот тим се истакна Ендрју Вигинс кој исто така оствари дабл-дабл – 26 поени и 13 скока.

Шестиот натпревар ќе се одигра на 17 јуни во Бостон.

OhridNews