Манчестер Јунајтед одигра само 4-4 против Евертон и пропушти можност да се одлепи на “безбедна“ предност од градскиот ривал Сити.

Дека ова не е ден за “ѓаволите“ навести Јелавич доведувајќи ги “карамелите“ во предност од 1-0. “Црвените“ во првиот дел возвратија преку Руни, а во вториот дел зголемија на 3-1 со головите на Велбек и Нани. Фелани намали на 3-2, но со вториот гол на Руни се чинеше дека победникот е одлучен.

Но така не мислеа фудбалерите на Евертон,кои во финишот на мечот го искористија заморот на домаќините и преку  Јелавич и Пиенар ја распиаа забавата во црвениот дел на Манчестер.

На потег сега е Сити, кој гостува кај Волвс. Со триумф “граѓаните“ ќе се доближат на минус три, а во наредното коло на “Еитад“ стадионот го пречекуваат градскиот ривал.