Мечот за Норвич не беше од никакво значење, но тоа не им пречеше да ја изиграат најдобрата партија сезонава. Арсенал поведе преку Бенајун во втората минута, десет минути подоцна Холонах израмна на 1-1. Холт во 27-та го сврте резултатот на 2-1 за Норвич.
Арсенал работите во нормала ги врати со погодоците на холанѓанецот Робин Ван Перси во 72-та и 80-та минута. Конечните 3-3 на Емирати ги постави Морисон во 85-та минута од натпреварот.
Борбата за третата и четвртата позиција, во Премиер Лигата ќе биде интересна до крајот. Со победа утре во дербито со Манчестер Сити, Њукалс ќе обезбеди пласман во Лигата на Шампиони. Во иста таква ситуација се наоѓа и Тотенхем, кој има ист број бодови со Њукасл.