Специјалниот телескоп на НАСА за следење на астероиди, Neowise, открил потенцијална опасност, односно астероид широк 640 метри на оддалеченост од 43,5 милиони километри од Земјата, јавува „Макфакс“.

Астероидот е именуван 2013 YP139, а неговата орбита би можела да го доведе на оддалеченост на 300.000 километри од Земјата, што е помалку од оддалеченоста на Месечината од Земјата.

Експертите на НАСА истакнуваат дека удар на било кој астероид со пречник поголем од 800 метри би имал разорни последици на Земјата, пренесуваат британските медиуми.

Научниците внимателно го следат движењето на 2013 YP139, за да можат прецизно и на време да откријат колку најблиску може да и пријде на Земјата.

OhridNews
извор:„Макфакс“