Со голема хуманитарна акција што ќе се одржи во сабота, Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на крводарителството 14. Јуни.
Акцијата ќе се одржи на плажата „Оревче“ во Градиште, до каде крводарителите ќе бидат превезени со брод. Предвидена е богата културно уметничка програма, а во акцијата се очекува учество да земат над 100 крводарители од Охрид и други градови, во што помогнаа спонзори, информираат од Црвениот крст.
Според податоците на организацијата, до месец мај предвидените количини дарувана крв Црвен крст Охрид ги натфрлил за 13 проценти, однсно во првите прт месец собрани се 890 единици крв.
Од охридскиот Црвен крст искажаа благодарност до сите хумани луѓе кои даруваат драгоцена течност, до волонтерите, како и до институциите, фирмите и други донатори кои го поддржуваат крводарителството.