
На хепенингот најавено е дека ќе учествуваат познатите македонски музички ѕвезди Елена Ристеска и Ламбе Алабакоски.
Предвидено е да се одржи и крводарителска акција, а за најсреЌните тројца крводарители извлечени на крајот од крводарителската акција спортската обложувалница “Премиер” обезбеди вредни награди (плазма телевизор, ДВД и др.). Сите посетители на овој настан ќе можат да се насладуваат со специјалитетите приготвени за отворената Шведска маса.
Манифестацијата започнува во 11:00 ч.











