Хотел Аквалина
Од 16.07.2021 - 21:00 до 16.07.2021 - 23:59
На плажата во хотелот „Аквалина“, во петок, 16 јули, ќе се одржи хуманитарен хепенинг по повод роденденот на прерано починатиот член на Ансамблот „Билјана“ Андреј Лаброски.
Почитувани пријатели, другари и колеги, сите оние кои се почитувачи на ликот и делото на Андреј Лаброски со огромна чест и задоволство ве каниме да се собреме сите заедно да го одбележиме неговиот роденден. Иако него веќе го нема нека не води неговиот дух и неговата идеја за подобро утре за сите. Ги покануваме сите колеги музичари кои се во можност активно да земат учество во овој настан, бината е ваша. – се вели во поканата за настанот што го организира Ансамбл „Билјана“.

Нема резервации на маси за настанот ( first-come, first-served).
Картите се купуваат на самиот влез и се по симболична цена од 100 денари.
OhridNews











