Хотел Аквалина

Од 16.07.2021 - 21:00 до 16.07.2021 - 23:59

На плажата во хотелот „Аквалина“, во  петок, 16 јули, ќе се одржи хуманитарен хепенинг по повод роденденот на прерано починатиот член на Ансамблот „Билјана“ Андреј Лаброски.

Почитувани пријатели, другари и колеги, сите оние кои се почитувачи на ликот и делото на Андреј Лаброски со огромна чест и задоволство ве каниме да се собреме сите заедно да го одбележиме неговиот роденден. Иако него веќе го нема нека не води неговиот дух и неговата идеја за подобро утре за сите. Ги покануваме сите колеги музичари кои се во можност активно да земат учество во овој настан, бината е ваша. – се вели во поканата за настанот што го организира Ансамбл „Билјана“.

Средствата кои ќе се соберат на настанот ќе се донираат на Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“- Охрид.

Нема резервации на маси за настанот ( first-come, first-served).

Картите се купуваат на самиот влез и се по симболична цена од 100 денари.

OhridNews