Голем хуманитарен концерт ќе се одржи на 3-ти декември, среда, во Центарот за култура Охрид. На концертот ќе настапат “Backdoor band”, “Two Mothers Brothers”, Мартина Целеска и Натали Илиоска.
Цената на влезниците е 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 24 годишно момче од Охрид заболено од рак.
Хуманите граѓани, организации и компании, исто така, можат да ја помогнат акцијата со донирање на средства на следната жиро сметка: Студентски парламент при ФТУ Охрид, жиро сметка – 210 0564073301 73, Тутунска банка, со цел на дознака: „За помош на Никола Петрески“.
OhridNews