После години одлагање, изминатата недела  од градското пристаниште беше реализиран првиот комерцијален чартер брод на релација Охрид – Поградец. Дека интересот за новотоворената бродска линија е голем не само кај туристите, туку и кај месното население, потврдуваат охридските бродари.

Како што велат, гостите кои веќе отпатувале за Поградец се задоволни од понудата на градот, но и од услугите кои ги нудат угостителските објекти на албанската страна од езерото.

Гостите кои веќе патуваа за Поградец беа задоволни од новотоворената бродска линија. Градот е среден, рестораните чисти, а услугите на високо ниво.“ – вели  Јусуф Идриз, капетан на бродот „Галеб“.

Контунирано поаѓање кон Поградец?

Термините за поаѓање кон албанскиот град Поградец се различни зависно од превозниците. Како што вели Идриз, во консулатација со останатите бродари се цели да се воспостави контиунитет во пловидбата.

„Следната пловидба со нашиот брод ќе се реализира на 13-ти овој месец, а бидејќи интересот е голем,во консултација со останатите бродори, планираме секоја недела да поаѓаме за Поградец како би имале еден целокупен континуитет во текот на сезоната.“ – потенцира Идриз.

Збогатување на туристичката понуда

Според многумина, еднодневните излети до албанскиот град Поградец ќе ја збогатат туристичката понуда во Охрид.

Во суштина овие излети до Поградец се доста интересни и прималиви за сите, односно претставуваат збогатување на туристчката понуда на двата града. Се надеваме дека линијата ќе продолжи да функционира и во наредните години.“ – додава Идриз.

Секој гостин ќе има можност да ги  види двата соседни градови , што ќе треба да се искористи во еден аранжмански пристап и да се види каков е интересот и ние како град да добиеме придобивка од можноста нашите гости да го посетат Поградец. Има коментари дека не е добро нашите туристи да одат во Поградец, но доколку ние тоа го организираме придобивката ќе биде за нас.“ –  изјави неоддамна деканот на ФТУ Охрид, проф. д-р Сашо Коруноски.

„Александрија“ ја реализира првата туристичка тура

Првата туристичка тура со комерцијален чартер брод до Поградец, минатиот петок ја реализира бродот „Александрија. Новоотворената бродска линија  во текот на сезоната ќе служи за превоз по воден пат на заинтересираните туристи од Охрид  до Поградец во Република Албанија и обратно.

Повратен билет 600 денари

Цената на повратниот билет за новотоворената бродска линија до Поградец изнесува 600 денари или 10 евра. Граѓаните и туристите кои се заинтересирани за патување треба да се пријават кај превозниците еден ден пред поаѓањето. Исто така, задолжително треба да достават и лични податоци. Повеќе информации можат да се добијат кај бродарите на градското пристаниште, каде што се поставени информативни флаери за поаѓањата кон Поградец.

O.T.