Денеска во подрачното одделение на Централниот регистар во Охрид, по втор пат беше организиран „Отворен ден за граѓаните“.

Како што информира Жаклина Танушевска, дел од стручниот тим од централата на Централниот регистар на Република Македонија кој се јавува како организатор на овој настан, сите заинтересирани граѓани добиле одговор на прашањата кои се во надлежност на оваа институција.

Прашањата кои најчесто ни се поставуваа се однесуваа на бришењето на трговските друштва. Сите оние кои ќе го исполнат критериумот неподнесување годишни сметки уназад три години, се на таа листа што ние како Централен регистар ја имаме дадено на предлог-утврдување до УЈП. Кога ќе ја добиеме повратната информација ќе ги избришеме сите што го исполнуваат овој критериум.“ – вели Танушевска.

Во подрачното одделение на Централниот регистар во Охрид, прашања имаше и околу новата категорија која што централниот регистар ја воведе, регистрациониот агент.

Покрај ова, охриѓани се запознаа со новиот систем за електронски потврди, со кој граѓаните имаат пристап до поголем број потврди кој како услуги ги издава Централниот регистар, а кои се потребни за јавни набавки.

Исто така, заинтересираните имаа можност да се информираат и околу електронското поднесување на годишните сметки за изминатата 2013 година.

Инаку, паралелно со отворениот ден, во подрачната канцеларија во Охрид се организираше и бесплатна обука и презентација како практично ќе се изведе елелктронското изведување.

OhridNews