Интересот за неодамна воведените две нови градски линии на најголемиот авто превозник АД „Галеб“, е голем, информираат од компанијата. Објавен е и комплетниот Возен ред, кој на граѓаните им овозможува подобра организација на своето време.

Потсетуваме дека новите линии започнаа во средата, 8-ми октомври и ги поврзуваат периферните делови од градот со централното подрачје.

Првата линија ги опфаќа: населбата „Гоце Делчев (Бараки), Стобекс – Видобишта, улица 7- ми Ноември, булевар Туристичка (Од зграда Печијаре до кружниот тек на пресекот со улица АСНОМ), Општа болница, Момчило Јорданоски.

На втората линија автобусите на „Галеб“ ќе сообраќаат од Меѓуградска автобуска станица, булевар Железничка, булевар Туристичка (Плаво бели згради), улица Јане Сандански (Гимназија), Питу Гули – автобуска станица, односно булевар Железничка.

Автобусите на „Галеб“ на споменатите линии ќе возат по симболична цена од само 20 денари, што ќе им овозможи на граѓаните на Охрид од поодалечените населби подобра комуникација со центарот на градот, и ќе им го олесни секојдневното движење до работа, школо, пазар или чаршија.

OhridNews