Интересот за рекреативниот риболов со блинкер на Охридското Езеро, кој ќе се одржи викендов за прв пат по пауза од осум години, е голем информираат од концесионерот „Пастрмка 2012“.
Блинкерот започнува денеска во 6 часот и ќе трае до пладне, а утре е планиран уште еден блинкер во истиот период.
Дозволата за првиот блинкер на 8-ми септември изнесува 1000 денари, бидејќи всушност таа претставува годишна дозвола за 2012 година, која ќе важи за месеците септември и октомври. Дозволата за вториот блинкер, недела 9-ти септември, изнесува 800 денари. Дозволите за наредните блинкери во месец октомври ќе чинат по 800 денари
Дозволите за блинкерот во Охрид ќе се издаваат во поранешните простории на Г.П. „Гранит“ на Кеј „Маршал Тито“, секој работен ден од 08 до 18 часот.
Дозволите за блинкер во Струшкиот регион ќе се издаваат во рибарницата „Летница – белвица“ кај градскиот пазар во Струга, во непосредна близина на црквата Св. Ѓорѓија.
Покрај во септември, блинкер ќе има и во октомври.
OhridNews