Денеска на државните универзитети започна пријавувањето за додипломски студии во академската 2014/2015 во првиот уписен рок.

На Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“  слободни се вкупно 440 места, од кои 220 за редовни студенти, 110 редовни со кофинансирање и 110 места за вонредни студенти. Како што информираат од оваа вискообразовна институција, до 12 часот се пријавиле 30 отсто повеќе студенти од минатата година.

Поголемиот број се од Охрид, Струга, Кичево, но и од другите градови во Македонија. Оваа година, за прв пат ќе имаме и студенти од Јужна, Средна и Северна Америка. Покрај стипендистите, овојпат приватно се запишуваат и студенти од Турција и афричките земји, кои не ги исполниле условите за стипендија.“ – информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.

Најголем интерес кај идните студенти има за Факултетот за компјутерски науки и инженерство, Факултетот за информациони системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника, како и Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност.

На Факултетот за компјутерски науки и инженерство редовни студенти може да се запишат 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20. На Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност за редовни студенти има слободни места 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20. На Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика за запишување на редовни студенти во државна квота слободни места има 60, со кофинансирање 30 и вонредни 30. На Факултетот за информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника како редовни студенти може да се запишат 40, со кофинансирање 20 и вонредни 20.“ – информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.

На Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, вкупно можат да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. На насоката Туризам, за четири годишни универзитетски студии слободни места има 100, на Осигурување 50 и на Царина и шпедиција 15. За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40.

Како што информира деканот на ФТУ проф. д- р Сашо Коруноски, интересот за запишување на оваа високообразовна институција првиот ден е според очекувањата.

Задоволни сме од интересот. Во текот на денот се пријавија 110 ученици за сите насоки. Очекувано најголем интерес има за насоките Туризам и Царина и шпедиција, но за разлика од минатите години и на наше големо задоволство поголем број пријавени има за насоката Гастрономија, исхрана и диететика. Очекувам дека во првиот уписен рок ќе се пополнат 200 од слободните места, а во вториот и останатите, вели професор Коруноски.

   
Пријавувањето во првиот рок на „ Св. Апостол Павле“ и ФТУ е на 14-ти и 15 август.  

Резултатите од пријавувањето и успехот во средно образование ќе бидат објавени на 19 август на Факултетот за Туризам и угостителство, додека на 20 август на „Св. Апостол Павле“. Запишувањето на кандидатите на Факултетот за Туризам и угостителство и на „Св. Апостол Павле“ ќе биде на 25-ти и 26 август.

OhridNews