Над 80 парови се пријавиле да учествуваат на утрешната бесплатна групна венчавка  која ќе се одржи во охридската црква Света Ѓорѓија во Горна Влашка маала. Освен парови од Охрид, утре црковен брак ќе склучат и верници од други градови од Македонија, меѓу кои и од Струга, Битола, Ресен.


Како што информираат од црквата, поради големиот интерес, наместо како што првично беше предвидено венчавките да започнат во 12 часот, црковната церемонија околу венчавките ќе започне во 11 часот, при што паровите ќе бидат поделени во неколку групи. 

Групна венчавка утре ќе се одржи и во црквата “Света Богородица- Каменско”, каде церемониите ќе започнат во 12.30 и 13.30 часот. Од црквата информираат дека за венчавката се пријавиле 30 парови.

Ohridnews