Во текот на изминатите четири дена, проекциите ги проследиле околу 2000 гледачи. Како што информира директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска, интересот и понатаму е голем и за секоја од проекциите салата е полна со гледачи.
– Дневно се продаваат и по 400 влезници, интересот и понатаму не опаѓа, а доаѓаат гледачи од сите возрасти, вели Боцевска.
Претходните денови дневно, филмот се прикажуваше два пати, а од денес до 14 октомври „ Трето полувреме“ е на редовниот репертоар во Центарот за култура “Григор Прличев” и проекциите почнуваат 21.00 часот.
Цена на билетот е 100 денари.