Во предворјето на црквата „Света Софија“, вчеравечер, одржа концерт културно- уметничкото друштво „Македонка“ со што беше прославен деветтиот роденден на друштвото. На концертот настапија 130 играорци од сите возрасти, се играа и пееја познати македонски ора и песни.
Бројната публика уживаше во настапот на играорците кои ги награди со бројни громогласни аплаузи.
Од КУД „Македонка“ за следната година кога ќе се слави јубилејниот десетти роденден најавуваат голем концерт на кој ќе настапат сите досегашни членови.
OhridNews
фото Емилио