Со концерт на солистите и хорот на “Златно славејче”, вечерва, во 19.00, на Градскиот плоштад во Охрид, ќе почне големиот летен караван за деца насловен Ново Нордиск Бајка: Со здрави навики го менуваме дијабетесот.

Караванот кој ќе го води познатата македонска музичка ѕвезда Влатко Илиевски, има забавно-едукативен  карактер, односно градење свест кај најмладите за потребата од здрава храна и физичка активност, како начин да се спречат растечките болестите во Македонија, каква што е дијабетесот.

По  Охрид, караванот ќе продолжи во Битола на 25 август 2011 и ќе заврши на 2 септември 2011, со голем концерт во Скопје.

Организатор на настанот е компанијата “Ново Нордиск”, а истиот е поддржан од Сојузот на здруженија за дијабетичари на Македонија.

 OhridNews