Македонската фудбалска репрезентација забележа најголем напредок на најновото рангирање од ФИФА прескокнувајќи дури 33 селекции на рејтинг листата.


Со победите над Лихтештајн во квалификациите за Мундијалот во Русија и над Белорусија во контролниот натпревар избраниците на селекторот Игор Ангеловски ставија точка на неповолните резултати и на слободниот пад кој го имаше А репрезентацијата последниов период.

Македонија во минатото има напредувано 29 позиции на ФИФА рејтинг листата, но резултатите во март донесоа голем прогрес на „црвено жолтите“ кои скокнаа дури 33 места.


Најновото рангирање на ФИФА рејтинг листата донесе и смена на врвот. Сега број еден на светот е Бразил преземајќи го приматот од Аргентина.

OhridNews