Охрид од 6ти до 9ти мај ќе биде домаќин на втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Според најавите на настанот ќе присуствуваат над 300 лидери и претставници на верски заедници од светот, како и политичари, теолози и експерти.


Иако се работи за значаен настан, нема преголема помпа во јавноста околу одржувањето на светската меѓурелигиска конференција. Во градот има едвај два -три билборди, а малку информации засега има и во медиумите.

OhridNews
фото: Васко Бујароски