Најмалку 100 000 луѓе се евакуирани, а речиси половина милион останаа без електрична енергија поради големите пожари што беснеат во американската сојузна држава Калифорнија, пренесуваат светските агенции.

Во Калифорнија е прогласена вонредна состојба поради големите шумски пожари кои проголтаа и голем број објекти. Пожарот кој синоќа изби на површина од 1600 хектари преку ноќ мина преку два автопати и еден меѓудржавен пат и стигна до северните населби на Лос Анџелес. Овие патишта се затворени поради густиот чад.

Временската прогноза засега е неповолна. Се најавува силен ветер кој се стравува дека дополнително ќе го прошири пожарот.

Минатата година голем шумски пожар го пеплоса градот Парадајз во Калифорнија при што загинаа 80 луѓе.

OhridNews