Две села и манастир на грчкиот остров Евија се евакуирани поради шумски пожар проследен со силен ветер.

Противпожарникарната бригада соопшти дека жителите а селата Контодеспоти и Ставрос во централните делови на Евија, околу 70 километри од Атина се евакуирани.

Засега нема податоци за евентуални жртви.

Сообраќајот на главниот пат на островот е стопиран во близина на огнот, наведе полицијата и ги посоветува граѓаните кои сакаат да стигнат до Атина да користат траекти, а не мостот што ја поврзува Евија со копното.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како огнот ги голта дрвата на островот додека густиот чад се издигнал над шумата и морето.