Поголема трагедија е избегната во станбена зграда во населбата Далјан, откако душевно болно лице добро познато на граѓаните на Охрид го запалило креветот во својот стан кој се наоѓа на првиот кат, по што ја напуштило петкатницата. Пламените јазици брзо се прошириле по станот, а потоа ги зафатиле и горните катови од зградата. За среќа жителите навреме ја напуштиле зградата, а со брза интервенција на три екипи на противпожарната единица од Охрид пожарот за кратко време беше изгаснат.
Лицето кое го предизвика пожарот е приведено,но неговите соседи се револтирани од односот на институциите, бидејќи тој со години предизвикувал инциденти, а дури и се заканувал дека ќе ги запали.
За среќа во пожарот нема повредени, а предизвикана е голема материјална штета.
Жителите од опожарената зграда очекуваат надлежните институции да преземат соодветни мерки и опасниот сосед да го сместат во соодветна здравствена институција. Тој до сега неколку пати бил испраќан во душевната болница во Демир Хисар, но по кратко време бил пуштан оттаму.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com