Голем пожар изби синоќа во областа Пиза во Тоскана, во северна Италија, поради што најмалку 500 лица беа евакуирани, јавуваат италијанските медиуми. Пожарот започна синоќа во шумската област Монте Сера и поради ветрот набрзо се прошири и започна да им се заканува на мештаните.

„Разорен пожар во Каличи. Најблиските куќи се контактирани“, напиша синоќа на „Фејсбук“ градоначалникот на местото, Масимилијано Гименти. Тој подоцна соопшти дека се евакуирани 500 луѓе поради претпазливост.

Италијанската телевизија прикажа видео снимки од пламенот кој зафати големи делови од шумата.

Во гасењето на пожарот, утрово беа вклучени авиони и пожарникари кои пристигнаа од цела Тоскана.

„Соочени сме со голем пожар. Најважно е сега да го спасиме селото“, рече за локалната телевизија пожарникар од Пиза и додаде дека според неговото мислење пожарот бил подметнат.

OhridNews

Макфакс