Петар Маркоски квартет и Горан Папаз, ќе одржат голем предновогодишен концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 26-ти декември.  

Концертот ќе биде празничен подарок за охриѓани кои ќе имаат можност да уживаат во безвременските новогодишни класици.

Амбиентот во кој ќе се одржи концерот ќе блесне во празнично руво благодарение на извонредните креации на “Impact group”, a за посетителите се предвидени пријатни празнични изненадувања. Спонзори на концертот се „Инекс Горица“, „Мистер И“, „Тиквеш“, „Кадмо“ и „Пела принт“, помагатели се студиото „Арс Нова“ и фестивалот „Охридско лето“, а медиумската поддршка ја обезбеди најпосетуваниот интернет портал во регионот „OhridNews“.

Влезниците за најголемата предновогодишна забава во Охрид, во продажба ќе бидат пуштени наскоро.

OhridNews