Аргентинскиот фудбалски виртуоз Лионел Меси најмалку уште година ќе остане во Барселона, откако во преговорите во кој учествуваат неговиот татко Хорхе и претседателот на клубот Бартомеу се случил голем пресврт.

Како што пренесува „Марка“, Хорхе имал средба со Лионел Меси и Луис Суарез и најверојатно фудбалерот се предомислил и ќе ја смени одлуката околу заминување од Ноу Камп.

Сепак, главни причини за останување на Меси во Барселона се одлуката на клубот да не го продава под 700 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула и желбата на фудбалерот од Ноу Кам да замине како што му доликува, а не да се скара и на неспортски начин да се раздели.

Меси на маса од претседателот Бартомеу има договор до 2022 година и откупна клаузула далеку пониска од моменталната. Аргентинецот е на потег.

OhridNews