Организираторот на играта во тимот на Портланд, Дамјан Лилард многу беше лут на судиите после поразот од Јута со 117-114. Судиите направија голем превид во последниот напад кога Лилард прво беше фаулиран, а потоа блокиран иако топката ја допре таблата и имаше слегувачка патека.

  • Одлуката беше многу лесна, но тројцата судии останаа неми. Не сакам да видам никаков извештај во кој ќе стои дека судиите згрешиле. Нивната одлука нас не чинеше пораз, а се бориме за плеј оф и секој натпревар е многу важен. Нас ни се потребни победи и борба со противникот. Не со судиите кои остануваат неми во очигледни ситуации. – изјави револтирано Лилард.

Судиите после натпреварот ја признале грешката, но немаа право да гледаат видео снимка ако во текот на натпреварот не досудат ништо. Таков беше случајот со дуелот на Лилард и кошаркарите на Јута.

OhridNews