Голем ракометен спектакл се подготвува во Битола во кој ќе учествуваат поранешни играчи на Пелистер и репрезентативци на Македонија.

Ракометниот натпревар ќе се одржи на 10 октомври во 18 часот и 30 минути, а дел него ќе бидат Пепи Манасков, Златко Димитровски, Стевче Стефановски, Зоран Атанасовски, Златко Димитровски, Стевче Алушовски, Абдула Јусуфовски, Кире Поповски, Игор Николовски, Александар Зарков, Петко Босеовски, Кире Атанасовски, Душан Новокмет, Наумче Мојсовски и Сашо Јанкуловски.

Легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков ќе го предводи репрезентативниот тим на Македонија, додека за Пелистер ќе играат Мојсовски, Новокмет и други. Од клупата Пелистер ќе го води Цане Крстевски, а учесниците најавуваат добра забава и дружење и евоцирање на спомени од една златна генерација на Пелистер.

Фото: Архива
OhridNews