На СРЦ Билјанини Извори, денеска, со почеток од 17 часот ќе се одржи хуманитрано – ревијален фудбалски наптревар, на кој учество ќе земат легендите на македонскиот фудбал.

На теренот ќе се појават ветераните Данчо Целески, Вујадин Станојковиќ, Бошко Ѓуроски, Илија Најдоски, Саша Ќириќ, како и дел од поранешните играчи на Ф.К. Охрид, Гоце Маркоски, Гоце Толески, Драган Бочески, Ламбе Арнаудов, Јаким Бакулески и други.

Средствата собрни од влезниците кои ќе чинат 50 денари, ќе бидат донирани за лекување на 11 годишно момче од Охрид, кое мора да се лекува во Пекинг.

Граѓаните можат да донираат и со испраќање СМС порака на : ОНЕ – 075 143 113, ВИП – 077 143 155, Т МОБИЛе – 070 143 105, како и на следната жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка.

Повикот чини 100 денари + ДДВ.

Организатор на настанот се ФФМ, локалната самоуправа и ЈП „Билјанини Извори“.

OhridNews