Помеѓу селата Делогожда и Поум беснее голем шумски пожар.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Струга, огнената стихија зафатила околу 30 хектари шума. Населените места не се загрозени. Топлото време и ветрот го отежнуваат гасењето. Интензитетот на пожарот во овој момент е намален, дел е локализиран и целосно елиминиран, а под контрола се и критичните места.

Покрај струшката, во гаснењето на пожарот ангажирани се и противпожарните единици од Охрид и Дебар, на Дирекцијата за заштита и спасување, општината и локалното населени.

Во текот на ноќта ќе има дежурства со цел да не дојде до ширење на пожарот.

Г.М.