По повод големиот христијански празник Свети великомаченик Димитрија – Митровден, денеска на пладне кај истоимената црква на градскиот плоштад ќе се одржи голем народен собир.
Црковните обичаи ќе започнат со светење вода и сечење на славскиот колач, по што црковниот одбор ќе приреди традиционален празничен ручек.
И годинава празнувањето на Митровден ќе биде збогатено со културно-уметничка програма.












