Екипата од Енфилд ќе претрпе голем удар ако Манчестер Јунајтед успее во намерите на Олд Трафорд да го доведе Рахим Стерлинг.


Англискиот репрезентативец одби да го потпише новиот побогат договор понуден од „црвените“ пред завршување на минатата сезона.

Веднаш потоа во потера по неговиот ангажман се впуштија Реал Мадрид и Арсенал, а сега и Манчестер Јунајтед, кој е „крвен“ непријател на Ливерпул.

Стерлинг со променливата форма го навлече гневот од навивачите на Ливерпул, а со евентуален трансфер на Олд Трафорд ситуацијата би кулминирала.

Повеќе од 40 години нема фудбалер преминато од Ливерпул и Манчестер и обратно, а можеби Стерлинг ќе ја прекине таквата традиција.

Мх.П.