Екипата на Интер претрпе убедлив пораз 3-0 на гостувањето кај Удинезе. Поразот на “Фриули“ е голем удар за шампионските амбиции на избраниците на Андреа Страмачони.


Капитенот на “бјанконерите“ Антонио Ди Натале во 63-та минута ги казни фудбалерите на Интер кои не искористија четири прилики за погодок. Две минути подоцна лошата ситуација на “Фриули“ дополнително ја закомпликува Хуан откако заработи втор жолт автоматски црвен картон.

Удинезе умешно го користеше фудбалерот повеќе во поле и креираше неколку
изгледни шанси за голови. Тоа од “рака“ им појде на Муриел и Ди Натале
кој со вториот погодок на мечот ја запечати победата.

Резултати : Удинезе – Интер 3-0, Милан – Сиена 2-1, Киево – Аталанта 1-0, Фиорентина – Пескара 0-2, Џенова – Болоња 2-0, Јувентус – Сампдорија 1-2, Парма – Палермо 2-1, Наполи – Рома (20:45ч).

Табела : Јувентус 44 бодови, Лацио 39, Фиорентина 35, Интер 35, Наполи 34 (-1), Рома 32 (-1). . .

Мх.П.