На 37-та Дрзавна излозба на детски ликовни творби на тема „Народната  култура како трајна инспирација во моето творештво -Битола 2012“ учениците од ликовната секција  од О.У. Кочо Рацин -Охрид по втор пат се закитија со нависоката – Гран-при награда.
Одговорните наставници Симон Костадиноски и Љубица Чифлигароска со голем труд и голема желба им ги преточуваат своите знаења  на учениците, кои пак возвраќаат со освојување награди, меѓу кои и специјалната награда за континуирано четири пати по ред добиена награда за најдобра колекција.
 
Наградени беа и учениците  Христина Ристеска  од 8 -1 одд. и  Андреј Каланоски од 2-1 одд. кои добија дипломи  за најуспешни ликовни творби.
OhridNews