
Во дисциплината ладно предјадење, охридските угостители освоија сребрен медал, додека во дисциплината десерт се закитија со бронзено одличје.
Учениците беа под менторство на професорот Блаже Јорданоски. На меѓународниот натпревар на островот Брач учествуваа 15 училишта од бившите ју-републики и Турција.
Успешен настап Општинското угостителско туристичко училиште “Ванчо Питошески“ имаше и на првиот јуниорски натпревар на бармени, што се одржа деновиве, на кој Димитар Чадоски ученик во трета година го освои првото место.
OhridNews











