На гастро натпреварите што неодамна се одржаа на островот Брач во Хрватска екипата на  Општинското угостителско туристичко училиште “Ванчо Питошески“ во состав: Тодор Пановски, Кристијан Ѓоршовски и Наум Стенковски освои високи признанија.

Во дисциплината ладно предјадење, охридските угостители освоија сребрен медал, додека во дисциплината десерт  се закитија со бронзено одличје.

Учениците беа под менторство на професорот Блаже Јорданоски. На меѓународниот натпревар на островот Брач учествуваа 15 училишта од бившите ју-републики и Турција.

Успешен настап Општинското угостителско туристичко училиште “Ванчо Питошески“ имаше и на првиот јуниорски натпревар на бармени, што се одржа деновиве, на кој Димитар Чадоски ученик во трета година го освои првото место.

OhridNews