Полицијата во Берлин синоќа изврши претреси во објекти како што се барови за наргиле, златарници и туристички агенции за кои постојат сомнежи дека се поврзани со организиран криминал во главниот град на Германија.

Во полициската рација учествуваа 300 полицајци и обвинители, наведе полицијата и додаде дека досега ова е најголемата операција во Берлин што е спроведена во квартови каде што главно живеат странци.

Германските политичари неодамна изразија сомнежи дека голем број мигрантски семејства, особено од арапско и источноевропско потекло, се вмешани во шверц со дрога, насилна проституција и други незаконски активности.

Слични операции неодамна беа спроведени во западна и северна Германија.

OhridNews

Макфакс