Американското Министерство за правда најави обвиненија против 36 лица што учествувале во меѓународна шема за сајбер-измами, со што им предизвикале штета од 530 милиони долари на многубројни потрошувачи, бизнис-субјекти и финансиски институции. Како што соопштува Министерството, уапсени се 13 лица од САД, но со акцијата биле опфатени и 23 лица од Австрија, Велија Британија, Франција, Италија, Косово и од Србија.

Тие се обвинети за продажба и ширење украдени идентитети, дебитни и кредитни картички, лични податоци, финансиски и банкарски податоци, програми и други видови шверц.

Станува збор за една од најголемите акции спроведени во САД против сајбер-криминал. Групата, според надлежните, планирала на овој начин нелегално да заработи над 2,2 милијарди долари.