Секое дерби помеѓу лутите ривали од Белград, Партизан и Црвена Ѕвезда си има своја приказна. 158-то  дербио кое се одигра на теренот од Партизан заврши без победник (1-1), а приказната овој пат е изедначувачкиот погодок на Црвена Ѕвезда.

Најреволтиран после дерби сребдата беше голманот на Партизан и некогашен член на Црвена Ѕвезда, Владимир Стојковиќ кој изјави – Ова е резил. Се срамам што сум Србин. Ќе се откажам од пасошот само поради вакви работи. На Ѕвезда и честитам за борбата, но ова е срамота.

На социјалните мрежи се развија дебати дали топката ја минала гол линијата, а сите се сложија дека на вакви дерби средби неопходна помош од видео технологијата која зема се поголем замав.

Партизан и Црвена Ѕвезда ги поделија бодовите во „вечното“ дерби (видео)

OhridNews