Во рамки на активностите на Дистрикт 132 Македонија, денеска беше пуштено во употреба детското катче во Клиниката за Педијатрија во Скопје.

Лионс Македонија притоа донираше средства во износ од 1.500.000 денари. На свеченоста присуствуваа ченови на Кабинетот на Д132 Македонија, Гувернер Др. Сашо Василевски, PDG Небојша Давидовски, и други членови, кои чекот за донација му го предадоа на Директорот на Клиниката Проф. Др. Ацо Костоски. Активноста за донирање се реализира во соработка со Lions International.

Д132 најавува  бројни  хуманитарни активности  и во наредниот период со цел да им се помогне на ранливите категории луѓе на кои помошта им е неопходна.

OhridNews