Помеѓу охриѓани сеуште се свежи сеќавањата од несреќниот пораз на Македонија од данците на Европското првенство во Србија. Затоа желбата на охриѓани за реванш е голема.


Со голот на Линдберг по додавањето на Хансен, данската селекција ја стиша многубројната “Македонска фаланга“ во Белград и си го отвори патот до златниот медал.

Ќе им вратиме со камата. Тие се квалификувани, ќе се штедат против нас и мора да одиграме еден добар натпревар, нека биде тоа со Данска, се дел од “кафе муабетите“ во “Кадмо“ изминативе два дена.

Точно е, Данска ни остана голем должник бидејќи со победата над нас, ние останавме да се бориме за петтата позиција додека тие маршираа до златниот медал.

Мх.П.