Традиционално, петти пат по ред и оваа година, Црвен крст Охрид во соработка со Одделението за трансфузиологија од Охрид, а со поддршка и помош на Спортската  обложувалница „Премиер“, ќе организира голема крводарителска акција.


Акцијата  ќе се реализира утре,  14-ти мај, од 10-15 ч. на платото помеѓу  „Премиер„ и ТЦ Амам. Покрај подарок од страна на организаторот, за најсреќните крводарителите кои ќе бидат извлечени во наградна игра, Спортската обложувалница „Премиер“ обезбеди вредни награди.

Манифестацијата ќе има и забавен дел во ќе учествуваат Елена Ристеска и Ламбе Алабакоски.

OhridNews