По повод 10-от роденден најпосетуваниот интернет портал во регионот и препознатлив оригинален медиумски бренд OhridNews ги наградува своите читатели.

Двајца добитници ќе добијат на подарок роденденски сет од OhridNews, еден пар ќе одведеме на вечера во ресторанот Св. Софија, доделуваме еден ваучер во вредност од 100 евра за стоматолошки услуги во познатиот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, а двајца среќни добитници ги носиме на тридневен одмор со организиран превоз во Банско со агенцијата „Вис Пој“.

Се што треба да направите е да ја посетите фан страната на OhridNews, да стиснете LIKE, oдносно задолжително да го лајкувате постот и истиот да го споделите со вашите пријатели на вашиот профил и во коментар на објавата за наградната игра да го оставите вашето име и презиме и да наведете кој од наведените настани подолу според вас е настан на годината во Охрид во 2016 година.Учесниците во наградната игра смеат само еднаш да гласаат за настан на годината, со што влегуваат во изборот на потенцијални добитници на награда. 

Наградите ќе бидат извлечени во директен пренос во живо (live stream) на „you tube“ каналот на „OhridNews“ на 28.12.2016 година кој ќе започне во 20.30 часот за време на промоцијата на Годишната ревија на настани на OhridNews што годинава ќе се одржи во ресторанот „Park Lake Side“.

OhridNews