Македонија во 2012 година ќе почне широка акција за чистење на населените места и природата од ѓубре, која ќе има за цел да ја подигне јавната свест на  граѓаните за заштита на животната средина.

Носител на проектот е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, од каде сметаат дека е крајно време Македонија да се исчисти од ѓубрето кое неконтролирано и неодговорно се фрла насекаде со години.

– Затоа го иницираме проектот „За чиста Македонија“ кој треба да се реализира следната година. Едноставно по теркот на Денот на дрвото сите да излеземе и да си ја исчистиме земјата од ѓубре, со што ќе дејствуваме и едукативно на свеста на луѓето, изјави за OhridNews Зоран Стрезоски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Според Стрезоски, најголем дел од забелешките на странските гости кои ја посетуваат Македонија  се однесуваат токму на јавната чистота и загадувањето на животната средина.

OhridNews