Благодарание на македонските репрезентативци Илија Нестороски и Александар Трајкоски, екипата на Палермо забележа голема победа против Џенова (4-3) во 17-та рунда од Серија А.
Трајкоски е херој на сицилијанците постигнувајќи го четвртиот погодок за победа во 92-та минута, после асистенцијата од Несторовски.
Палермо, кој со оваа победа побегна од фенерот на табелата констатно беше во негатива, но на крајот се радуваше на голема победа која може да биде искра за почеток на позитивна серија.
Резултати: Сасуоло – Интер 0-1, Киево – Сампдорија 2-1, Пескара – Болоња 0-3, Наполи – Торино 5-3, Удинезе – Кротоне 2-0, Џенова – Палермо 3-4, Лацио – Фиорентина 3-1.
OhridNews