Полициска акција вчера доцна попладне е спроведена во Струга. Како што јавува „Макфакс“, специјалци на МВР вршеле претрес во објекти на познат струшки бизнисмен.

Од МВР не коментираат ништо околу акцијата, која се уште е во тек, а конкретни информации најавуваат за подоцна.

Неофицијално, акцијата била спроведена во потрага по дрога, но од МВР не соопштуваат што е пронајдено и дали има уапсени.

OhridNews
извор: „Макфакс“