Охриѓани уште еднаш ја докажаа својата голема хуманост. Салата на Центарот за култура „Григор Прличев“, вчеравечер, за хуманитарниот концерт на ансамблот „Танец“  беше исполнета до последното место.

Присутните имаа можност уште еднаш да уживаат во изведбата на познатиот ансамбл, чии настапи се секогаш едни од најпосетените.

Собраните средства од влезниците за концертот ќе бидат донирани за санација на опожарениот манастир Трескавец во близина на Прилеп.

OhridNews