На еко хепенингот што ќе се одржи на градскиот плоштад, вечерва од 19 до 23 часот, ќе биде промовиран планинскиот чај од Галичица. Промоцијата, што заеднички ја организираат Одделението за заштита на животната средина при Локалната самоуправа и јавната установа НП „Галичица“, е во рамки на одбележување на Денот на националните паркови.

На штанд кој ќе биде поставен на градскиот плоштад на посетителите ќе им бидат поделени информативни флаери за правилно берење на планинскиот чај, а ќе може и да се проба вкусот на сварениот охридски планински чај.

OhridNews